Американска тинејџерка стана најмлада учесничка на завршниот ВТА турнир по Марија Шарапова

Младата 18-годишна американска тенисерка Коко Гоф обезбеди пласман на завршниот ВТА-турнир што ќе се игра во Форт Ворт, Тексас.

Гоф учеството на завршниот турнир го обезбеди со победата над Елизабета Кочијарето со 7:6,6:3, кој ѝ донесе пласман во третото коло на турнирот што се игра во Гвадалахара, Мексико.

Гоф ќе стане најмладата тенисерка што ќе игра на завршниот турнир во сезоната уште од времето на Марија Шарапова во 2005 година.

„Ова ми значи многу. Не размислував за овој успех сè додека не ми стана јасно дека сум пред победа. Мислам дека потоа бев малку нервозна, но не и премногу возбудена што ќе играм на завршниот турнир, кој пак ќе се одржи во САД. Пласманот на завршниот турнир и во поединечна конкуренција и во игра на двојки дефинитивно е добар резултат“,изјави Гоф.

Завршниот ВТА-турнир на кој ќе настапат осумте најдобри тенисерки годинава ќе се одржи од 31 октомви до 7 ноември во Форт Ворт, Тексас.

- Оглас -

Најнови вести