Американскиот „министер за одбрана“ се враќа меѓу диреците

Тим Хауард, долгогодишниот голман на репрезентацијата на САД, потпиша договор со клубот Мемфис 901 и во следниот период ќе биде и играч и сопственик на клубот. Хауард во декември објави дека става крај на голманската кариера. Последните три и пол сезони ги мина меѓу стативите на голот на Колорадо рапидс, а реактивирањето ќе го има во својот клуб од неговиот роден град.

Мемфис 901 е клуб кој постои две години и игра во УСЛ-лигата.

„Откако се повлеков, мојата опсесија за фудбалот порасна. Желбата за победа продолжи да живее во мене. Сакам да играм и да се натпреварувам. Ова ми е шанса на луѓето од градот Мемфис да им донесеме радост и клуб кој редовно ќе игра во плејофот и ќе освојува трофеи“, изјави Хауард.

Хауард почна во Метро старс, пред да се пресели во Англија и да брани за Манчестер јунајтед и Евертон. Заврши во Колорадо, а за националниот тим имаше 121 настап, бранеше на три светски првенства. Тој бранеше на сите средби на Американците од 2010 до 2014 година.

- Оглас -

Најнови вести