Кошаркарите на Јужен Судан пред почетокот на Летните олимписки игри играа пријателски натпревар со Американците и промашија шут за победа, но вечерва во официјален натпревар немаа што да бараат.
Репрезентацијата на САД во Лил лесно ја победи африканската репрезентација со 103:86 и по два кола во групата Ц се пласираше во четвртфиналето.
Тоа значи дека Србија и Јужен Судан во директен дуел, во сабота од 21 часот, ќе одлучуваат кој ќе биде второплсиран во групата, бидејќи имаат скор 1-1.
Американците вечерва од почетокот тргнаа сериозно и работата ја завршија веќе во првото полувреме, кое го решија во своја корист со 55:36.
Кај победниците, најефикасен беше Бем Адебајо со 18 поени. Кевин Дурент додаде 14, Ентони Едвардс 13, а Леброн Џејмс 12 поени. По десет поени постигнаа Девин Букер и Дерик Вајт.
Омот го предводеше Јужен Судан со 24 поени, а веројатно новиот играч на Партизан, Карлик Џонс, се истакна со 18 поени и седум асистенции.