Младинската фудбалска школа на Барселона е позната како една од најдобрите во светот веќе неколку децении. Од младинските категории на каталонскиот гигант излегоа голем број на ѕвезди, а последни во низата се Педри, Гави, Ламин Јамал, Пау Кубарси… Дека оваа низа треба да се очекува да продолжи се потврдува и со тоа што Барселона го има во своите младински категории.
Хуго Голдеано е 11-годишно дете кое со своите потези веќе ги воодушевува сите кои го гледаат. На снимките кои се појавуваат се гледа дека момчето има неверојатна контрола на топката, одлични дриблинзи, перфектен преглед на ситуацијата на теренот и можност да додаде на вистинското место во вистинско време.
Голдеано со своите потези веќе ги „тероризира“ противничките одбрани и се најавува како следната гголема ѕвезда на каталонскиот гигант. Ова детенце има и спортска „жичка“ затоа што негов татко е играчот за врска на Малага, Апон кој има одиграно 140 меча во шпанското првенство.

