Американците најдоа доказ дека Ѓоковиќ е вакциниран?!

Веста дека можно е на Отвореното првенство на Австралија да не им се дозволи настап на невакцинираните тенисери предизвика бура од реакции, особено што од топ 10-те тенисери на АТП-листата, само за четворица се знае дека примиле вакцина против ковид-19.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ често го нарекуваат антиваксер затоа што јавно говори дека не е против вакцините, но дека секој човек треба да има право на избор дали ќе прими вакцина или не. Ѓоковиќ не кажува дали е вакциниран и тоа помага да се шират секакви гласини.

Еден американски портал објави текст во кој се шпекулира дека Новак веќе е имунизиран, и тоа уште летоска, пред настапот на Отвореното првенство на САД, а покажаа и „доказ“. Ѓоковиќ бил сликан на музичкиот фестивал „Самер стејџ“ во Централ парк во Њујорк, а на тој настан смееле да влезат само лица кои ќе прикажат потврда дека се вакцинирани.

Ако е вакциниран, тогаш Ѓоковиќ ќе смее да игра на неговиот омилен гренслем, Отвореното првенство на Австралија, каде што ќе го брка рекордот во историјата на машкиот тенис по број на гренслем-трофеи.

- Оглас -

Најнови вести