Американците немаа милост против Италија, победија со 37 разлика

Репрезентацијата на САД е вториот полуфиналист на Светското кошаркарско првенство откако на убедлив начин со 100:63 ја елиминираше Италија. Аѕурите во овој меч влегоа како првопласирани од својата група, а Американците како второпласирани, но на теренот доминираа НБА-ѕвездите.

Уште од самиот старт Американците започнаа сигурно и по првите 10 минути водеа со 24:14, а потоа во продолжение разликата само се зголемуваше. Пред крајот на втората четвртина, САД имаше двојно повеќе поени од противникот и водеше со 44:22.

Овој ритам на игра продолжи и во третата четвртина. Во 28-мата минута, Американците повторно имаа двојно повеќе поени, но овојпат резултатот беше 78:39, што значи дека разликата беше 39 поени. Последните 10 минути беа само рутина и Америкаците веќе го чекаат својот ривал во полуфиналето.

Србија беше првата селекција која обезбеди место во полуфиналето, а последните два патника ќе се знаат утре, кога ќе се играат дуелите меѓу Германија – Летонија и Канада – Словенија.

- Оглас -

Најнови вести