Актуелниот шампион на Централна и Северна Америка, репрезентацијата на САД со победа од 4-0 над Гвајана ја започна одбраната на титулата во Голд купот. Фаворизираните Американци ја забавуваа домашната публика во Минесота, а големата победа можеа да ја направат уште поубедлива, односно многу лесно можеа да одиграат и 7+, но на крајот четири гола беа повеќе од доволни.
Најавената голеада можеше да започне многу порано, а по бројните утнати шанси Ариола беше човекот кој прв ја затресе мрежата на Гвајана по половина час игра. Американците во вториот дел беа поконкретни, па веќе до 55-тата минута имаа 3-0 со головите на Бојд и Зардес, за точка на натпреварот да постави Бојд со својот втор гол на мечот во 81-та минута.
Следен предизвик за САД е селекцијата на Тринидад и Тобаго, а со нова победа ќе го осигураат своето место во нокаут-фазата.
Во вториот меч од групата Д, Панама славеше со 2-0 над Тринидад и Тобаго со головите на Купер и Барсенас.
https://www.youtube.com/watch?v=TT2I9wiMzwo