Американците со Дрим тим во кој се најголемите ѕвезди веќе го имаат „обезбедено“ златото на ЛОИ 2024

Кошаркарската репрезентација на САД ќе биде главен фаворит за освојување на злтниот медал на Олимписките игри кои ова лето ќе се играат во Париз. Американските медиуми најавуваат дека селекторот Стив Кер во својот ростер ќе ги има сите најпознати и докажани НБА-ѕвезди.

Американскиот дрес на Игрите во Париз како стартери треба да го носат Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Стеф Кари, Џоел Ембид и Џејсон Татум, а во составот да се и Девин Букер, Џру Холидеј, Ентони Едвардс, Тајриз Халибартон, Бем Адебајо и Ентони Дејвис.

Доколку сите овие НБА-ѕвезди бидат во составот на САД, јасно е кој ќе биде прв и главен фаворит за освојување на златото на Игрите кои ќе се одржат во Париз во период од 26 јули до 11 август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести