Американците заиграа како Американци и ја прегазија Аргентина (Видео)

Репрезентацијата на Аргентина прва почувствува што значи да се игра против мотивираните Американци. По неочекувануте порази од Нигерија и Австралија, селекторот на САД, Грег Попович, веројатно добро ги искарал своите пулени, па тие против Аргентина покажаа едно сосема друго лице.

Мотивирани, Американците уште од првата минута најавија дека одат на победа на овој пријателски меч во Лас Вегас, не губеа во ниту еден момент од средбата и славеа со 108-80. На првите два меча, САД не даваа ни 90 поени, но против Аргентина отидоа над 100 и немаа проблем да победат.

Во првата четвртина, Американците погодија шест тројки, а шутот од далечина и забивањата им беа главно оружје против Гаучосите, кои не се во потребната форма бидејќи убедливо загубија и од Нигерија.

Аргентина во 2002 година беше првата репрезентација која ги победи Американците откако настапуваат со НБА-играчи. Синоќа кај Аргентина најефикасен беше 41-годишниот Луис Скола, крилен центар кој играше и на тој историски меч во 2002 година.

Американците задутре повторно ќе играат со Австралија и тоа ќе биде вистински тест дали тој пораз од Кенгурите бил случаен или не.

Ова е една од поубавите акции на Американците на дуелот со Аргентина:

- Оглас -

Најнови вести