Амиен против Макрон – Најавен е судски процес од екипата што испаѓа

По препорака на претседателот на Франција, Емануел Макрон, сите спортски активности се прекинати до септември, по што следуваше и одлуката на Француската фудбалска федерација да го прогласи првенството за завршено.

ПСЖ е шампион, а испаѓаат Тулуз и Амиен, двете последнопласирани екипи во Лига 1, но тука нема да биде крајот на претставата.

Од Амиен најавија жалба до судските органи и секако до Федерацијата и сметаат дека неправедна е одлуката на 10 кола пред крајот да заврши сезоната и да им се одземе шансата за опстанок.

Претседателот на клубот, Бернард Жоанин, изјави дека нема да се предадат и дека одлуката е неправедна. Амиен на 10 рунди до крајот на прекинатиот шампионат на Франција е претпоследен со 23 бода, четири помалку од Ним, кој се спаси со одлуката на ЛФП.

По стапките на Амиен веројатно ќе тргне и Тулуз, иако тие имаат само 13 бодови и ќе беа далеку од опастанок, дури и да се доиграше првенството во Лига 1.

 

- Оглас -

Најнови вести