Тимот на Влатко Стојановски останува во француската елита

Титулата и официјално ќе заврши кај ПСЖ, Светците се старонови шампиони на Франција. Како што претходно беше најавено, Марсеј заедно со шампионите ќе игра во ЛШ следната сезона, додека Рен како третопласирана екипа ќе дебитира во квалификациите.

Учество во Лигата на Европа обезбедија Лил, Римс и Ница, а од прогласувањето на крајот на сезоната најмногу загуби Лион, кој за првпат од сезоната 1996/97 нема да се појави на европските натпреварувања.

Во понискиот ранг паднаа Амиенс и Тулуз, тимот на нашиот репрезентативец Влатко Стојановски, Нимс, ќе остане дел од француската елита, а промоција изборија Лориен и Ленс.

- Оглас -

Најнови вести