Амири ќе жали, постигна еврогол кој не беше доволен за Фармацевтите (видео)
Фудбалерот на Леверкузен уште на почетокот од 2021 година се кандидира за „Пушкаш“ наградата

Надием Амири дефинитивно ќе биде меѓу конкурентите за најубав погодок во 2021 година, по изведената бравура во поразот на Леверкузен на гости кај Ајнтрахт Франкфурт со 2-1.
Фудбалерот на Фармацевтите при прием на топката успешно го преслика фамозниот потег на Денис Бергкамп, од свртување си отвори простор за удар, а наместо силен шут, Амири со „штикла“ го совлада голманот Трап.
За жал, гостите едвај издржаа десетина минути да бидат во предност, бидејќи Јунес израмни на 1-1 веќе во 22-та минута, а кобен беше автоголот на Тапсоба во 54-тата минута.
Incredible goal in the Leverkusen game by Amiri pic.twitter.com/5w3nZN4UZU
— Dezildez (@Dezildezzz) January 2, 2021
Леверкузен до почетокот на декември беше непоразен во Бундеслигата, а сега нанижа две разочарувања и пропушти шанса за привремено да го преземе врвот на табелата. Баер остана на 28 бода и второто место, два помалку од лидерот Баерн Минхен, додека Ајнтрахт изби на осмата позиција со 20 бода.
Останати резултати 14-то коло Бундеслига:
Арминија Билефелд – Менхенгладбах 0-1, Келн – Аугзбург 0-1, Хофенхајм – Фрајбург 1-3, Вердер Бремен – Унион Берлин 0-2.