Анчелоти: Ќе се радувам ако Мурињо се врати во Реал Мадрид

Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, го коментираше евентуалното назначување на Жозе Мурињо за тренер на Реал Мадрид. Италијанскиот стратег, кој сега е фокусиран да го одбере вистинскиот тим на Бразил за настап на Светското првенство кое започнува за помалку од еден месец, покажа голема почит кон Мурињо.

„Ќе се радувам ако Мурињо се врати во Реал Мадрид. Тоа би било убаво и за него. Тој е тренер кој може да заврши фантастична работа, како што секогаш правел во клубовите во коишто работел“, рече Анчелоти за Мурињо.

Анчелоти на селекторското место во Бразил дојде минатата година, а претходно со голем успех го предводеше Реал Мадрид, освојувајќи трофеи во седум различни натпреварувања.

Мурињо, кој е актуелен тренер на Бенфика, веќе знае како е да се биде на клупата на Реал Мадрид. Португалецот беше на чело на Кралскиот клуб во периодот од 2010 до 2013 година, а сега е најсериозен кандидат да биде промовиран за предводник на тимот во следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести