Манчестер сити го нуди Мармуш и пари за да го доведе Пау Кубарси на „Етихад“

Летниот преоден рок се очекува да биде исклучително динамичен, а веќе започнаа и првите надмудрувања меѓу најголемите европски клубови. Манчестер сити е меѓу најактивните, откако на радар ја стави една од младите ѕвезди на Барселона, при што на Каталонците им е понудена и интересна размена на играчи.

Со оглед на тоа дека ова лето се игра Светското првенство, се очекува трансфер-пазарот да биде особено „жешок“ и исполнет со бројни промени, а неколку клубови веќе започнаа со конкретни чекори.

Пеп Гвардиола веќе влезе во акција, бидејќи сака во следната сезона повторно да го врати Манчестер сити на самиот врв, што најверојатно ќе биде и неговата последна сезона на клупата на „Етихад“.

Оваа сезона најголем проблем за Сити се покажа одбраната, па и покрај тоа што Гвардиола веќе доведе неколку засилувања на тие позиции, се очекува дополнително да го засили дефанзивниот дел од тимот.

Според информациите, најголема желба на Гвардиола е младиот стопер на Барселона, Пау Кубарси, а на „Етихад“ веќе активно се работи на обидот да се обезбеди неговиот потпис.

Иако е јасно дека Барселона тешко би се откажала од Кубарси, во Англија се шпекулира дека Сити ќе се обиде да ја отвори темата со силна понуда, која би можела да ги натера Каталонците барем да размислат. Граѓаните ќе го понудат Омар Мармуш, плус дополнителна финансиска сума.

- Оглас -

Најнови вести