Анадолу Ефес после десет години, повторно е најдобар кошаркарски тим во Турција

Анадолу Ефес е нов кошаркарски шампион на Турција, прекинувајќи ја тригодишната доминација на Фенербахче. Во вечерашниот седми меч од финалната серија, Ефес го победи Фенербахче на тренерот Жељко Обрадовиќ, со 89-74, дополнително фрустрирајќи го ривалот кој сезонава го совладаа и во полуфиналето на фајнал-форот во Евролигата.

Најзаслужен за титулата на „пиварите“ е американскиот бек Шејн Ларкин, кој средбата во „Синан Ердем дом“ ја заврши со 36 поени.

За Ефес, ова е 14-та шампионска титула. Фенербахче остана на 12 и испушти шанса да се изедначи со Ефес.

- Оглас -

Најнови вести