Анчелоти: Ако Тони Крос се премисли, може да ми се јави во кое било време

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го коментираше заминувањето на германската легенда Тони Крос од Кралскиот клуб. Играчот од средниот ред најави крај на кариерата, а неговиот последен натпревар на клупско ниво беше победата во финалето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.

За Крос претстои Европското првенство во родната Германија, што се очекува да бидат негови последни настапи во кариерата.

Сепак, Карло Анчелоти вели дека Тони Крос доколку се премисли, може да му се јави во кое било време и за него ќе има место во составот на Реал Мадрид.

„Веќе му кажав на Тони Крос… доколку се премисли, можеби во наредните месеци, само еден телефонски повик и ќе почнеме повторно“, изјави Карло Анчелоти.

 

- Оглас -

Најнови вести