Анчелоти доби јасна порака: Ако не дојдат Мбапе, или Халанд, Реал ќе го прескокне летниот пазар

Карло Анчелоти ќе има сложена задача да направи шампионски тим од сегашниот материјал што го има во Реал Мадрид, ако не се случи сензационален трансфер на Килијан Мбапе, или на Ерлинг халанд ова лето.

Италијанецот доби јасна порака од реаководството на Реал Мадрид дека летово нема да се купуваат нови играчи, а исклучок се Мбапе и Халанд.

Кралевите се надеваат дека асот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе ќе дојде во редовите на Реал, а алтернатива е Халанд од Борусија Дортмунд, иако и двата трансфери се неизвесни.

Мбапе сака да игра за Реал, но ПСЖ му нуди многу повеќе пари, а Халанд сигурно ќе замине од Борусија, но шпанскиот гигант од Мадрид не е во првиот ред од фаворити за ангажман на Норвежанецот.

 

- Оглас -

Најнови вести