Анчелоти е подготвен да биде тренер на Реал Мадрид и во следните 11 години!

Реал Мадрид вчера го растури Валјадолид со 6:0, но Кралскиот клуб останува на 12 бода зад лидерот Барселона во Примера дивисион. До крајот на првенството има уште 11 кола, а тренерот Карло Анчелоти вели дека не е загрижен за неговата иднина на „Сантијаго Бернабеу“.

„На секои три дена имаме прес-конференција и на секои три дена постои прашање околу мојата иднина во клубот. Не можам да знам што ќе се случи. Договорот ми истекува во 2024 година и се надевам дека ќе го одработам до крајот. Верувам дека сум на вистинското место затоа што имам голема поддршка од играчите и од клубот. Ако Реал е задоволен од мене, тогаш може да го продолжиме договорот до 2034 година“, вели Анчелоти.

За италијанскиот стратег ова е втор мандат на клупата на Реал. Прво го предводеше Кралскиот клуб во периодот од 2013 до 2015 година, кога освои по една титула во Купот на Шпанија, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светско клупско првенство. Во 2021 година повторно дојде во Реал и се радуваше на титула во првенството, во Суперкупот на Шпанија, како и на трофеите во Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.

- Оглас -

Најнови вести