Анчелоти е пред отказ во Реал Мадрид, но и пред камбек во Англија

Звучи чудно, но шпанските и англиските медиуми најавуваат дека Карло Анчелоти е пред отказ во Реал Мадрид.

Иако тимот е на првото место во Ла Лига и сè уште настапува во Лигата на шампионите, навивачите не се задоволни од игрите коишто ги прикажува тимот под водство на искусниот Италијанец.

Флорентино Перез е подготвен да ги сослуша нивните желби и да му врачи отказ, а доколку дојде до тоа, Анчелоти ќе се упати кон Англија, каде што ќе седне на клупата на Манчестер јунајтед.

Иако сето ова звучи малку веројатно, барем засега, доколку се случи тоа, ова ќе биде враќање на Карло во Англија, каде што претходно ги водеше екипите на Челзи и Евертон.

- Оглас -

Најнови вести