Анчелоти: Елмас е супер талент, ќе биде корисен за Наполи на повеќе позиции

Карло Анчелоти инсистираше да се ангажира Елиф Елмас, а за него има многу комплименти. На средба со новинарите денеска популарниот Дон Карло образложи зошто бил толку заинтересиран за да се доведе македонскиот репрезентативец.

„Елмас е еден од најдобрите млади играчи во Европа, а патем е олраунд-играч и можеме да го користиме на повеќе позиции. Се надевам дека брзо ќе се адаптира“, изјави Анчелоти.

Елмас веќе и дебитираше за Наполи, вчера на пријателскиот меч со Кремонезе, а трансферот од Фенербахче во Наполи „тежи“ вкупно околу 19 милиони евра заедно со бонусите и е највисок на наш играч во историјата на макфудбалот.

Елмас ќе заработи 7,5 милиони евра за петгодишен договор.

- Оглас -

Најнови вести