Анчелоти ги обвини ФИФА и УЕФА за ремито на Реал против Осасуна

По победата во „Ел Класико“, и тоа на теренот на Барселона, Реал Мадрид направи кикс на својот „Сантијаго Бернабеу“ откако одигра без голови против Осасуна. Кралевите беа големи фавороти пред мечот, имаа 75 отсто посед на топката, создадоа многу шанси, но не успеаја да го скршат отпорот на гостите.

Според тренерот на Реал, Карло Анчелоти, заморот на фудбалерите е еден од клучните фактори за променливата игра на фаворитите. Италијанскиот стратег ги потсети ФИФА и УЕФА дека мора да преземат некои мерки за да се намали бројот на средби, инаку тоа негативно ќе влијае врз фудбалот.

„ФИФА и УЕФА мора да направат нешто, и тоа што е можно побрзо околу тоа прашање. Играчите се премногу уморни. Ако вака се продолжи, нема да има натпревари. Денеска се играат многу средби кои се пренесуваат на телевизија. Мене како навивач тоа ми се допаѓа, но како учесник во целото тоа случување, како тренер, мислам дека е многу лошо затоа што квалитетот на играта во многу дуели е паднат“, рече Анчелоти.

Со освоениот бод против Осасуна, Реал се искачи на чело на табелата во Примера со 21 бод од 10 меча, колку што имаат и Севилја, Бетис (од 11 меча) и Реал Сосиедад.

 

- Оглас -

Најнови вести