Реал Мадрид одигра без голови на гостувањето кај Бетис и Кралскиот клуб сега заостанува девет бода зад лидерот Барселона во трката за титулата во шпанското првенство.
Реал доминираше на теренот на Бетис, имаше 62 отсто посед на топката и дури 15 шутеви кон противничкиот гол, но ниеднаш не погодија во мрежата. За најдобар играч е прогласен голманот на Бетис, Клаудио Браво.
Во целата немоќ на ѕвездите на Реал да постигнат гол, Лукас Васкес направи испад кој сигурно не му се допадна на тренерот Карло Анчелоти. Италијанскиот стратег реши во 59-тата минута од игра да го извади Васкес, а овој лут затоа што мораше да излезе, толку многу се налути и целиот бес го истури врз клупата за резервни фудбалери.