Анчелоти: Го ценам гестот на Бензема, Модриќ е бесмртен, тој го даде клучниот гол

Реал Мадрид славеше со 4-1 против Селта во првиот меч по прилично трауматичната разделба со Касемиро кој беше еден од лидерите на Кралскиот клуб, а тренерот Карло Анчелоти беше задоволен од тоа што го виде синоќа.

Карим Бензема даде гол од пенал, а кога во финишот беше досуден уште еден пенал, Французинот му дозволи на Еден Азар да го изведе шутот од 11 метри. Белгиецот не го реализираше пеналот, но Бензема покажа дека во Реал има силен тимски дух.

Лука Модриќ со феноменален гол за 2-1 и прекрасна асистенција до Винисиус за 3-1, беше клулна фигура во редовите на шпанскиот тим. Хрватот кога излегуваше од игра, доби овации од публиката на „Балаидос“.

„Го ценам гестот на Бензема кон Азар. Не е важно што го утна пеналот, полека се враќа на нивото на кое беше. Тој обично е добар изведувач на пенали. Модриќ е бесмртен, фантастичен лидер, го постигна најважниот гол на натпреварот. После тој гол, ни беше полесно. Чуамени има поразлични карактеристики од Касемиро, како одминуваше мечот, така се ослободуваше од притисокот“ – анализираше Дон Карло.

- Оглас -

Најнови вести