Анчелоти има мотиви до небо: финалето на ЛШ се игра на неговиот роденден, и тоа на стадион на којшто доживеа кошмар

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, посакува неговиот тим да се најде во финалето на Лигата на шампионите и за ривал да го има Милан, нешто што би било сон за него, со оглед на сите околности поврзани со овие клубови и неговата лична кариера.

Анчелоти најславните денови од играчката кариера ги мина во Милан, а како тренер на Росонерите ја освои Лигата на шампионите, но имаше и еден многу болен пораз, во финалето во 2005 година од Ливерпул, кога Италијанците водеа со 3-0 на полувреме, но ја испуштија европската титула.

Годинава финалето на ЛШ се игра на 10 јуни на „Ататурк“ во Истанбул, денот кога на Анчелоти му е роденден и треба да наполни 64 години, а на истиот стадион Милан предводен од Анчелоти на пенали го загуби тоа лудо финале од пред 18 години.

- Оглас -

Најнови вести