Анчелоти има свој фаворит во вечерашното финале: Се надевам дека ќе победат!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, посакува Рома да ја победи Севилја и да ја освои Лигата на Европа.

Италијанскиот стручњак осум сезони, од 1979 до 1987 година играше за Рома, а со клубот стигна и до финале на Купот на европските шампиони, па нема дилеми за кого да навива вечерва на мечот кој се игра во Будимпешта.

„По тешкиот период, Севиља направи добра работа во последните два месеца. Со новиот тренер Мендилибар играат организирано, но Рома има добри шанси, има многу искусен тренер за финалиња кој знае што треба да прави. Се надевам дека Рома ќе победи. Триумф во Лигата на Европа многу ќе значи за клубот во иднина“, вели Анчелоти, кој пред 40 години со Рома го освои Скудетото во Серија А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести