Фудбалскиот клуб Вардар преку извршниот директор Миленко Неделковски испрати предлог-иницијатива за именување на јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“ во Васил Рингов.
Барањето е испратено до Владата, Премиерот, Министерството за спорт, Македонскиот олимписки комитет и АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката.
Рингов е една од најголемите фудбалски македонски легенди и именувањето на култната трибина би имало трајна симболика и би претставувало инспирација за идните генерации, порачаа вардарци.


