Еурофарм Пелистер го потврди заминувањето на Алушовски, познато името на новиот тренер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер официјално го потврди она што се шушкаше, дека по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот Стевче Алушовски си поднел оставка од својата позиција.

Клубот ја прифати оставката и му се заблагодари на Алушовски за професионалната работа во овие околу четири месеци колку што беше на клупата. До крајот на сезоната екипата ќе ја води асистентот на Алушовски, Алексо Лембанов.

- Оглас -

Најнови вести