Одлуката за финалистот во Купот ќе падне во Кратово, во Охрид немаше победник

Охрид Лихнидос и Силекс одиграа 1-1 во првиот дуел од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија, па реваншот во Кратово на 6 мај ќе пресуди која од овие две екипи ќе игра во финалето против една од Шкендиите кои играат меѓу себе во второто полуфинале.

Охриѓани, кои се обидуваат да испишат историја и првпат да играат финале и тоа како второлигаши, поведоа во 35-тата минута со погодок на Иван Глигоров.

Десет минути подоцна, во последните моменти од првото полувреме Ади Алиќ даде гол за 1-1 и резултат, кој го става Силекс во мала предност пред реваншот на кој ќе игра дома.

- Оглас -

Најнови вести