Среда велат е среќен ден и ако можеби токму денеска типувате на паровите од 28-мото коло на бесплатната Спортска прогноза, тоа ќе ви донесе среќа и подарок.
Типувањето е отворено од вчера и ќе трае до сабота во 13.30 часот.
Најголемо дерби во основната 13-ка е Милан – Јувентус. Од оние што досега се вклучиле со свои прогнози, најмногу мислат дека ќе биде нерешено, а во победа на Милан веруваат малку повеќе играчи отколку во победа на Јуве, но овие проценти може да се сменат до сабота.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.


