Анчелоти искрен: Премиер лигата е најсилна во моментов, разликата е во интензитетот!

Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти, кој во Реал Мадрид, како што вели, го живее медениот месец, даде интервју во кое говореше на повеќе теми, меѓу кои и Мундијал на секои две години.

„СП на секои две години? Зошто да не, нека се игра и секоја година, но треба да се усогласат календарите на УЕФА и ФИФА. Мора да се смени календарот, сегашниот е проблематичен, притисокот врз играчите е огромен“, вели Анчелоти.

Дон Карло во Реал дојде од Евертон, а има работено и во родната Италија, во Франција и Германија.

„Премиер лигата е пред останатите. Во првото коло од Лигата на шампионите видовте дека од шпанските екипи победивме само ние. Проблемот е во интензитетот, англиските тимови во моментов играат со поголем интензитет“, вели Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести