Атлетико Мадрид тргнува по потписот на Ник Волтемаде од Њукасл

Летниот преоден рок би можел да донесе нови промени во офанзивата на Атлетико Мадрид, кој според шпанските медиуми разгледува опција за доведување на напаѓачот Нико Волтемаде од Њукасл.

Раководството на мадридскиот клуб планира да донесе најмалку едно засилување во нападот, а не се исклучува можноста бројот на нови офанзивни играчи да биде и поголем, во зависност од евентуалните заминувања на Хулијан Алварес или Александар Сорлот.

Сорлот во последните две сезони имаше значајна улога во тимот на Диего Симеоне, но раководството на Атлетико е подготвено да разгледа понуди за норвешкиот напаѓач, што би отворило простор за нов профилен напаѓач.

Според германски „Билд“, Атлетико повторно се активира околу Волтемаде, кого го следеше уште додека настапуваше за Штутгарт, а неговата иднина во Њукасл сè уште е неизвесна.

Германскиот фудбалер пристигна во Англија за повеќе од 75 милиони евра, но во првата сезона доби ограничена минутажа и често играше надвор од својата природна напаѓачка позиција.

Шпанските извори наведуваат дека Њукасл би барал слична сума за негов трансфер, додека Атлетико би можел да го финансира договорот доколку преку продажба на Сорлот обезбеди значителни средства во опсег од 30 до 35 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести