Анчелоти лично договори еден од клучните играчи сезонава да остане во Реал Мадрид

Управата на Реал Мадрид се подготвува за летниот преоден рок во кој се очекува да договори најмалку две големи ѕвезди (Мбапе, Дејвис), но тренерот Карло Анчелоти, инсистира клучните играчи од оваа сезона да бидат наградени со нови договори.

Според шпанските медиуми, Анчелоти лично договорил нов долгогодишен договор да добие голманот Андриј Лунин кој сезонава во отсуство на повредениот Тибо Куртоа, брани одлично и има огромни заслуги за одличните резултати на Кралевите.

Анчелоти му дал цврсти гаранции на Лунин дека сериозно ќе смета на него и следната сезона иако ќе се врати Куртоа, по што голманот се согласил да потпише нов договор.

- Оглас -

Најнови вести