Анчелоти: Мислам дека Бензема, Модриќ и Крос и идната сезона ќе играат за Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти денеска изјави дека мисли оти и следната сезона Кралскиот дрес ќе го носат Карим Бензема, Лука Модриќ и Тони Крос.

Мислам дека ќе останат“, изјави Анчелоти и откри дека веќе се водат преговори за нови договори за Крос и Модриќ.

Бензема, Модриќ и Крос се во Реал Мадрид од 2009, 2012, односно 2014 година, и се едни од најзаслужните што Реал Мадрид во последните десет години пет пат триумфира во Лигата на шампионите.

Бензема (35) на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна од Олимпик Лион, 37-годишниот Модриќ доде од Тотенхем, а 33-годишниот Крос од Баерн Минхен.

Иако играта на Реал Мадрид се врти околу ова трио, Анчелоти додаде и дека клубот мора да размислува и за иднината и за нивните наследници.

„Мораме да размислуваме и за денот кога тие ќе престанат да играат. Мораме да гледаме на иднината од поинаков агол, имаме фантастични млади играчи, Едуардо Камавинга, Орелиен Чуамени, Федерико Валверде и Дани Себаљос, ќе бидат симболи на друга ера“, додаде Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести