Анчелоти: Модриќ е пример за сите, тешко ми е кога го оставам на клупа

Лука Модриќ со мајсторски гол синоќа му донесе победа на Реал Мадрид против Севилја, и тоа брзо откако влезе на теренот како џокер.

Модриќ сезонава ретко е стартер, обично влегува од клупата за резерви, па има многу шпекулации околу неговата иднина и тоа дали ќе остане во Реал, дали ќе си оди или ќе ја заврши кариерата.

Тренерот Карло Анчелоти вели дека му е тешко кога мора да одлучи да го остави „39-годишниот“ Лука (Модриќ има 38, во септември ќе наполни 39) на клупата.

„Одличен гол. Лука влезе свеж и ни помогна многу. Славевме во соблекувалната затоа што тој го заслужи ова. Тешко е да го оставите на клупата, тој е пример за целиот тим. Тој не личи на 39-годишен играч. Неговото однесување е врвно, имам голема наклонетост кон него. Разбирам дека е тажен кога не игра. Поважен е квалитетот на минутите отколку квантитетот. Во рацете на Лука е што сака да направи следната сезона, ќе ја почекаме неговата одлука“, изјави Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести