ПСЖ полека ги доведува работите на свое место во Франција (Видео)

Пари Сен Жермен убедливо со 3:0 го победи Нант во заостанат меч од француското првенство. Со оваа победа Светците се зацврстија на првото место на табеелата во домашното првенство со 66 бода, четири повеќе од второпласираниот Ленс. Нант остана на 20 бода и е на претпоследното место на табелата, само со теоретски шанси да се спаси од испаѓање. До крајот на шампионатот остануваат уште пет кола.

Кварацхелија во 13-тата минута од пенал погоди од пенал за 1:0, најавувајќи го триумфот на фаворитот. Тој погодок може да го погледнете ТУКА.

Предноста на ПСЖ беше удвоена во 38-мата минут, кога мрежата на Нант ја затресе Дезире Дуе со силен шут откосо. Овој спектакуларен гол може да го видите ТУКА.

Во второто полувреме повторно на сцена стапи Кварацхелија погодувајќи за 3:0 во 50-тата минута и ги потврди новите освоени три бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести