Атлетико ја продолжи агонијата, четврти пораз по ред во првенството (Видео)

Кризата на Атлетико Мадрид во шпанското првенство продолжува. Мадридскиот гигант загуби на гостувањето кај Елче со 3:2 во дуел од 33. коло. За Атлетико ова е четврти пораз по ред, но и покрај тоа што не освои ниту еден од можните 12 бодови, тимот останува сигурен на четвтото место со 57 бодови, дури осум повеќе од петопласираниот тим на Бетис.

Првото полувреме беше фантастично и беа постигнати четири голови. Нико Гонзалес во 10 минута погоди за водство на Атлетико Мадрид, но потоа следуваше многу подобра игра на Елче. Најпрво Афенгрубер израмни на 1:1 во 18 минута, а потоа Алмеида доби директен црвен картон поради повлекување во 30 минута. Елче од пенал во 33 минута со голот на Андре Силва поведе со 2:1.

Сепак радоста на домаќините траеше многу кратко. Веќе во следниот напад Атлетико израмни на 2:2. Нико Гонзалес по еден одличен соло продор успеа да ја надмудри комплетната одбрана на Елче, а топката ја помина гол-линијата толку колку што требаше за да биде со целиот свој обем во голот и погодокот да биде признаен.

Во второто полувреме Елче ја искористи предноста од играч повеќе и со вториот погодок на Андре Силва донесе радост на Елче од 3:2. Со овој триумф Елче избега од зоната за испаѓање и сега со 35 бодови се искачи на 15 место.

- Оглас -

Најнови вести