Анчелоти најави заминување: Бејл посакува да си замине со трофеи од Реал Мадрид

Герет Бејл по крајот на оваа сезона ќе си замине од редовите на Реал Мадрид. Велшанецот имаше „ролеркостер“ кариера во Кралскиот клуб откако дојде од редовите на Тотенхем.

Тој постигна фантастичен гол во финалето против Ливерпул од Лигата на шампионите во победата од 3:1, но во голем број наврати имаше и своевидни испади.

„Бејл нема дисреспект кон соиграчите, тој сака да ја заврши својата авантура во Реал Мадрид како што заслужува, а тоа е со трофеи. Тој тренира добро и е голем професионалец“, изјави Анчелоти во пресрет на средбата со ПСЖ.

Бејл во Мадрид е од 2013 година и оттогаш освои четири титули во Лигата на шампионите, како и две во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести