Анчелоти не ги жали младите ѕвезди на Реал: Имаа по 20 години, а не како мене 60 години

Реал Мадрид вечерва ќе гостува кај Атлетик Билбао во меч од Купот на Шпанија, а во составот на Кралскиот клуб би требало да бидат младите ѕвезди Винисиус Јуниор и Родриго. Овие двајца само што пристигнаа во Мадрид од репрезентативните обврски со Бразил, па сега мора да играат и за Реал во Купот.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, верува дека Винисиус и Родриго се доволно подготвени за да може да издржат да одиграат два меча во рок само од 48 часа.

„Дали ќе играат Винисиус и Родриго во Билбао? Па имаат по 20 години, а не како мене што имам 60 години“, рече Анчелоти, со што веројатно даде до знаење дека Бразилците ќе бидат на теренот на „Сан Мамеш“.

Во тимот се очекува да биде уште еден бразилски репрезентативец, а тоа е Касемиро. Тој не играше на последниот меч за Бразил и не е толку заморен.

 

- Оглас -

Најнови вести