Анчелоти не заборава, подготвува одмазда за Гвардиола и за Граѓаните поради една фотографија

Утревечер ќе се игра првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите меѓу последните два тима кои го креваа шампионскиот пехар, Реал Мадрид и Манчестер сити, а посебен мотив за двомечот ќе имаат Кралевите.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, подготвува одмазда за минатогодишните дуели во полуфиналето во ЛШ и за една фотографија која не им се допадна на Кралевите.

Минатата сезона, Манчестер сити славеше со 5:1 во двомечот со Реал Мадрид, првиот дуел на „Сантијаго Бернабеу“ заврши без победник 1:1, а во реваншот Граѓаните беа импресивни и победија со 4:0.

По мечот, на социјалните мрежи се појави фотографија која ги „здоболе“ сите во Реал Мадрид. На неа беа челниците на Сити и менаџерот Хосеп Гвардиола кои имаа кренато четири прсти алудирајќи на бројот на голови кои ги постигнаа на тој меч.

 

Фотографијата ја објави помошникот на Гвардиола, Маниел Есијарте, и на неа покрај Пеп и неговите помошници, се и дел од директорите на клубот, Пепе Гвардиола, претседателот на Сити, Калдун ал-Мубарак, и поранешниот претседател на Аргентина, Маурицио Макри.

Токму таа фотографија денеска е топ тема во шпанските медиуми кои најавуваат дека Анчелоти и неговите фудбалери подготвуваат одмазда.

- Оглас -

Најнови вести