Анчелоти одговори дали би прифатил еден ден да биде тренер на Барселона

Италијанскиот фудбалски стручњак, Карло Анчелоти, кој во моментов работи како тренер на Реал Мадрид, вели дека никогаш не би прифатил да работи во Барселона. Човекот кој во 2014 година го предводеше Реал до историската десетта европска титула, смета дека неговата историја не му дозволува да ја тренира Барса, која е најголемиот ривал на Кралскиот клуб од Мадрид.

„Секоја почит за Барселона, но не би бил нивен тренер. Не можам да одам против себе и моето минато. Јас сум тренер на Реал Мадрид, работам тука, и во минатото сум работел, така што, не“ – изјави Анчелоти.

Пред некој ден, Гути изјави дека би прифатил да биде тренер на Барса. Откако веста предизвика многу коментари, потоа Гути се вадеше дека изјавата му била саркастична, и дека ужива во секој пораз на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести