Анчелоти: Одигравме добар меч и заслуживме да победиме

За помалку од три месеци во 2023 година, Барселона и Реал Мадрид одиграа три Ел Класика и во сите три средби се радуваа Каталонците. Барселона најпрво го доби финалето во Суперкупот со 3:1 на неутрален терен, потоа славеше во првиот меч од Купот на Шпанија со 1:0 во Мадрид, а сега се радуваше и во првенството со 2:1.

И покрај трите наредени порази за три месеци, италијанскиот стратег на чело на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, вели дека е посебно задоволен од тоа како одиграа неговите пулени на последното дерби на „Камп Ноу“.

„Одигравме добар меч, заслуживме да победиме. Во провото полувреме одигравме добро и затоа не сакав да правам веднаш измени на почетокот на вториот дел. Горд сум на начинот на кој игравме. Едноставно не го заслуживме овој резултат и сега ќе биде тешко да го одбраниме тронот во Примера“, рече Анчелоти по последниот пораз од Барселона.

- Оглас -

Најнови вести