Брајтон го декласира Челзи (Видео)

Челзи доживеа тежок пораз на гостувањето кај Брајтон со 0-3, резултат што дури и не ја отсликува целосно доминацијата на домаќините.

Натпреварот започна лошо за Сините од Лондон. Веќе во третата минута, Каору Митома се најде во одлична шанса, но Роберт Санчес интервенираше и го спаси својот тим.


Сепак, по изведениот корнер, Челзи капитулира. По голема дезорганизација во одбраната, Јан Пол ван Хеке погоди за 1-0.

Во продолжението, Брајтон постојано создаваше простор и лесно влегуваше во шеснаесетникот на гостите, додека Челзи делуваше неорганизирано и без јасна идеја. Домаќините имаа уште неколку шанси да ја зголемат предноста, а Санчес повторно беше на тест.

Во 56-тата минута Брајтон го удвои водството по одлична акција, Џорџинио Рутер асистираше, а Карлос Балеба погоди за 2-0.

До крајот, Челзи не успеа да се врати во игра, а конечниот удар дојде во судиското продолжение, кога Дени Велбек го искористи својот момент и постави конечни 3-0 за убедлива победа на Брајтон.

- Оглас -

Најнови вести