Интер се пласираше во финалето на Купот на Италија, откако на домашен терен го совлада Комо со 3-2 во натпревар исполнет со пресврти.
Екипата предводена од Сеск Фабрегас започна храбро и без респект кон фаворитот, создавајќи неколку сериозни закани уште во првиот дел. Гостите го шокираа Милано во 32-та минута кога Мартин Батурина погоди по асистенција на Ван дер Бремпт, со помош на стативата, за 0-1.
Интер се обиде да возврати преку Маркус Турам, но на полувреме резултатот остана непроменет.
Само три минути по стартот на второто полувреме, Комо ја удвои предноста. Лукас да Куња реализираше по одлична асистенција на Нико Паз и ги замолкна навивачите на „Меаца“.
Интер реагираше со измени, што целосно го промени текот на натпреварот. Во игра влезе Петар Сучиќ, кој веднаш внесе енергија и учествуваше во акцијата за намалување на резултатот. Во 69-та минута Хакан Чалханоглу погоди за 1-2.
Интер постепено ја презеде контролата и во 86-та минута дојде до израмнување, кога Чалханоглу со глава погоди за 2-2, по уште една асистенција на Сучиќ.
Само три минути подоцна следуваше целосен пресврт. Сучиќ одигра извонредна акција со Чалханоглу и со прецизен удар го совлада противничкиот голман, носејќи конечни 3-2 и пласман во финале за Интер.
Во завршницата се истакна и голманот Јан Зомер, кој со неколку клучни интервенции го зачува водството на домаќините.
Интер во финалето ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Аталанта и Лацио.

