Анчелоти остана без моторот на екипата за стартот на сезоната

Реал Мадрид објави дека Тони Крос има повреда на карлицата по последните прегледи во клупските простории. Германскиот играч за врска со повредата се мачи подолго време, како што самиот истакна преку социјалните мрежи, па сега ќе работи што побрзо да закрепне и да му се стави на располагање на Карло Анчелоти.

Клучниот фудбалер на Кралевите е отпишан од составот за пријателскиот меч против Милан на 8 август, последен од подготвителниот период на шпанскиот вицепрвак. Исто така Крос ќе го пропушти гостувањето кај Алавес на 14 август, во воведното коло од новата сезона во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести