Анчелоти во „прашалници“ кога му го спомнаа името на фудбалерот кој по 11 години си заминува од Евертон (Видео)

Лук Гарбут е играчот кој во последниве 11 години беше дел од Евертон, но едноставно ретко кој има слушнато за овој играч. Гарбут е поранешен младински англиски репрезентативец кој пред повеќе од една деценија пристигна во тимот од  „Гудинсон парк“, а вкупно одигра само пет меча.

Во најголемиот дел од кариерата, играчот одеше на позајмица во клубови од пониските лиги. Сезонава Лук беше дел од тимот на Ипсвич, а сега замина во Виган. Еден новинар реши да го запраша тренерот на Евертон, Карло Анчелоти, што мисли за заминувањето на фудбалерот кој толку долго бил дел од Евертон.

Анчелоти воопшто немаше слушнато за Лук Гарбут и делуваше многу збунето не знаејќи што да одговори.

„Кој? Извини, но навистина сум изненаден, не знам кој е тој играч“, рече збунетиот Анчелоти.

 

- Оглас -

Најнови вести