Анчелоти откри кој е клучот за успехот: Моја филозофија е да им верува на играчите

Реал Мадрид ја освои титулата во шпанското првенство, но сезоната за тимот на Карло Анчелоти уште не е завршена. Кралскиот клуб ќе игра и во финалето на Лигата на шампиони каде на 1 јуни на „Вембли“ во Лондон ќе игра против Борусија Дортмунд.

Искусниот тренер Карло Анчелоти е вистински лидер на Реал Мадрид од клупата. Тој откри како ги мотивира своите играчи.

„Мојата фудбалска филозофија е да верувам во играчите и во нивната креативност кога ја имаат топката во посед. Не сакам кога играчите се опседнати со некоја дефинирана позиција. Им го препуштам тоа на нивната иницијатива“, вели Анчелоти, кој потоа додаде: „Секако, мора да работиме многу кога ја немаме топката во наш посед и да покажеме посветеност и креативност. Инсистирам на тоа и за тоа тактички се подготвуваме. Креативноста е клучна, посебно кај играчи што се како нашите кои имаат голем талент“, додава предводникот на Реал Мадрид од клупата.

- Оглас -

Најнови вести