Јувентус му нуди 6 милиони на Левандовски, но клуб од МЛС-лигата му нуди трипати повеќе

Полскиот голгетер Роберт Левандовски летово ќе треба да донесе одлука што ќе прави во својата кариера, дали да се пресели во САД и да заработува еден куп пари или да остане во Европа и да продолжи да игра врвен клупски фудбал.

Договорот со Барселона му истекува и како што стојат работите, Леви нема да остане во Барса, иако има желба. Нема да му недостасуваат понуди, најчесто се спомнува Јувентус, кој тргнал во конкретна офанзива и му понудил на Левандовски годишна плата од 6 милиони евра, плус бонуси.

Интерес за Полјакот, кој во август ќе наполни 38 години, има и од Чикаго фајр, тим од МЛС-лигата, а овој клуб му нуди на Левандовски дури 20 милиони по сезона што е над трипати повеќе од тоа што го нуди Старата дама од Торино.

Како идна дестинација на Левандовски се спомнува и Милан, но ако се пресели во Серија А, поверојатно е дека ќе го облече дресот на Јуве, а не црвено-црниот на Милан.

- Оглас -

Најнови вести