Анчелоти потенцира дека неговите фудбалери мора повеќе да шутираат кон противничкиот гол

Реал Мадрид одигра 0:0 кај Бетис што е втор меч во низа на кој Кралскиот клуб да не постигне гол. Актуелниот шпански, европски и светски првак со овие два загубени бода против Бетис, полека го губи чекорот со лидерот во Примера дивисион, Барселона.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти е фрустриран и најави дека неговиот тим мора да шутира многу повеќе кон противничкиот гол.

„Ова е фрустрирачки резултат. Мора да бидеме поефикасни. Тоа ни е најголем проблем, ни недостасува ефикасност. Премногу дрибламе, а не шутираме. Два меча по ред немаме дадено гол. Против Бетис имавме неколку големи шанси и навистина штета што не победивме, бидејќи одигравме добар меч во одбраната“, рече Анчелоти по ремито против Бетис.

- Оглас -

Најнови вести