Анчелоти „пречкртал“ четири ѕвезди на Реал Мадрид

Карло Анчелоти пред неколку месеци се врати на клупата на Реал Мадрид и тимот под негово водство игра добро. Кралскиот клуб е втор во шпанското првенство со еден бод зад Реал Сосиедад, но и меч помалку, а не би требало да има проблеми да ја помине и групната фаза во Лигата на шампионите.

По овие неколку месеци работа на „Сантијаго Бернабеу“, Анчелоти направи „скенирање“ на фудбалерите и според „Дијарио спорт“, четворица фудбалери во зимскиот преоден рок ќе си заминат од клубот.

Прв на листата треба да биде Еден Азар, а попуст нема да добијат ниту Иско, Лука Јовиќ и Хесус Валјехо. До почетокот на јануарскиот преоден рок, Реал ќе одигра уште 11 меча, период во кој овие четворица имаат шанса да му го променат мислењето на Анчелоти.

 

- Оглас -

Најнови вести