Анчелоти само во 2023 година загуби повеќе Ел Класика отколку Зидан за петте години престој во Реал

Честите порази на Реал Мадрид од Барселона во последно време јавија сомнежи во тренерот Карло Анчелоти и неговата иднина во клубот.

Само во последните два месеца, Реал трипати по ред губи од Барса, по еднаш во Суперкупот на Шпанија, Купот на Шпанија и лигата. Каталонците од 2010/2011 во ерата на Пеп Гвардиола немале низа од три триумфи по ред против најлутиот ривал.

Анчелоти е еден од најуспешните тренери во историјата, но има негативен биланс на клупата на Реал кога се во прашање дуелите со Барса. Реал до лани имаше серија од шест меча по ред без пораз во Ел Класико, а во минатата сезона Барселона ја прекина таа серија со огромни 4-0 на „Сантијаго Бернабеу“.

Анчелоти рече дека тоа е обичен меч како и секој друг, а тогаш никој не му забележа на Анчелоти бидејќи Кралскиот клуб на крај убедливо дојде до титулата и ја освои и Лигата на шампионите, која секогаш им е приоритет.

Реал го доби првото лигашко Ел Класико сезонава, во октомври, тогаш двата тима беа речиси со истите состави како и вчера и ништо не најавуваше дека по Мундијалот работите толку ќе се сменат. Очигледно е дека Каталонците повеќе се палат на Ел Класико, се борат, повеќе ја посакуваат победата и тоа им носи успех.

Не беше така во времето на претходникот на Анчелоти и негов некогашен помошник, Зинедин Зидан. Во ерата на Зизу, за пет сезони, Реал имаше само два пораза (на девет меча) против Барселона. Карло само за два месеца успеа да има повеќе порази од Зидан против Барса, а наскоро се игра уште едно Ел Класико, реваншот од Купот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести